ПРВ.мк
Македонија

„Безбеден град“ доаѓа во Куманово и Тетово

„Безбеден град“ доаѓа во Куманово и Тетово
Kristal

Началничката на Секторот за сообраќајни работи при МВР, Маја Арсовска Манов, во гостување во емисијата „Топ Тема“ изјави дека електронскиот систем „Безбеден град“ моментално е целосно функционален на територијата на Град Скопје, а до крајот на декември ќе биде активиран и во Куманово и Тетово.

Таа појасни дека станува збор за систем кој автоматски детектира сообраќајни прекршоци и веќе дава резултати во Скопје.

„До крајот на месецов планираме да го ставиме во функција и во Куманово и Тетово, а од следната година истиот систем ќе биде имплементиран на целата територија на државата“, рече Арсовска Манов.

Според МВР, опремата е поставена и на Коридорите 8 и 10, каде што во секој момент се очекува да започне автоматското регистрирање на сообраќајните прекршоци на овие клучни патни правци.

FixCredit
Atensa 300
Escape