Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера попладне, околу 17:25 часот, го лишиле од слобода 46-годишниот В.М. од село Мартолци, Општина Чашка.
Според информациите од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска соопшти дека В.М. бил забележан во атарот на селото како управува трактор „ИМТ“ без регистарски ознаки, со приколка натоварена со огревно дрво. Во неговиот двор било констатирано дека дрвата се без соодветна документација. По ова, дрвата, тракторот и приколката му биле одземени и предадени на Шумската полиција во Велес.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. В.М. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.

















