ПРВ.мк
Македонија

ЗАГУБИ НА ВОДА ДО 73%: Еве кои региони се најзагрозени!

ЗАГУБИ НА ВОДА ДО 73%: Еве кои региони се најзагрозени!
Kristal

Анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека од година во година се троши сè поголема количина вода, наплатата опаѓа, а бројот на вработени во јавните водоводни претпријатија расте. Со цел во блиска иднина граѓаните да не ја заменат водата од чешма со шишеви, РКЕ смета дека е неопходно да се воспостави централизирана надлежност за формирање на конечната цена на водата. Актуелниот систем за определување на цената се покажа како сложен, финансиски неодржлив и несоодветен, што резултира со огромни загуби на вода.

Проблемите се мултидимензионални: неефикасно работење, големи загуби на вода, ниска наплата, наталожени долгови и прекумерно вработување доведуваат до тоа јавните водоводни претпријатија да се најдат пред колапс. Националните загуби на вода достигнаа 64 проценти, а во некои региони над 70 проценти. Затоа РКЕ бара целосна надлежност за регулирање на водниот сектор, кој е еден од најранливите на последиците од климатските промени.

Актуелните тарифи за вода не ги покриваат реалните трошоци, поради што јавните комунални претпријатија работат со загуба и општините мораат да ги субвенционираат. Како последица на тоа нема доволно инвестиции, а процентот на загуба на вода расте секоја година, што е резултат и на старата и нефункционална водоводна мрежа, објаснува членот на РКЕ, Фатон Амбари.

Од 79 претпријатија што обезбедуваат водни услуги, само за 20 се донесени регулаторни одлуки, а девет воопшто не поднеле барање за нова цена. Целта на иницијативата на РКЕ е да се создаде поедноставен, транспарентен и стабилен систем за утврдување на тарифите, преку кратење на бирократскиот процес и воведување задолжителни средства за инвестиции, со ограничување на бројот на вработени.

Во земјата постојат 78 претпријатија за водни услуги: осум снабдуваат сурова вода, 67 вода за пиење, 56 собираат и одведуваат урбани отпадни води, а 20 вршат прочистување на отпадните води. Територијата е поделена на осум водостопански региони, со вода од 35 реки и 53 езера.

Според податоците за 2024 година, најголеми загуби на вода биле во Југозападниот Регион (73 %), Полошкиот Регион (над 70 %), Источниот Регион (65 %), Пелагонискиот и Скопскиот Регион (над 60 %), и Североисточниот Регион (58 %). Загубите се зголемуваат додека количеството вода што влегува во системот се зголемува за 14 % споредено со 2023 година, а процентот на наплатена вода опаднал за 15 %.

FixCredit
Atensa 300
Escape