ПРВ.мк
Македонија

Царината спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – откриен таен бункер!

Царината спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – откриен таен бункер!
Kristal

Царинската управа спречи голем обид за шверц на цигари, при што биле откриени 104 пакети со вкупно 5.200 штеки цигари. Акцијата ја спровеле инспекторите од Секторот за контрола и истраги.

Камионот, кој на излез од државата на граничниот премин Ново Село бил пријавен како „празен“, бил селектиран за детален преглед. При контролата, инспекторите од Одделението за оперативни работи – познати по високите откривачки капацитети – пронашле специјално конструиран таен бункер во предниот дел од ладилната полуприколка. Во него биле скриени цигарите.

Против возачот, државјанин на Србија, е поднесена кривична пријава, а инспекторите од Одделението за истраги преземаат понатамошни постапки.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека борбата против царинските измами и шверцот на тутун и тутунски производи е еден од приоритетите нотирани и во извештајот на Европската комисија.

„Годинава, заклучно со 30 ноември, по основ на увоз на тутун и тутунски производи наплативме 15,3 милијарди денари, што е раст од 10 проценти во однос на минатата година,“ додаде Николовски.

FixCredit
Atensa 300
Escape