Во СВР Скопје вчера утрината пријавена е кражба на бронзено црквено ѕвоно од храмот „Свети Спас“ во селото Орман.
Според полицискиот билтен, 64-годишниот Љ.Д. од Орман информирал дека во периодот меѓу 1 и 2 декември 2025 година непознат сторител го одзел ѕвоното од црквата.
Полицијата веќе презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

















