ПРВ.мк
Свет

Младите стравуваат од војна: „Подобро би избегале отколку да служиме војска“

Младите стравуваат од војна: „Подобро би избегале отколку да служиме војска“
Kristal

Новите правила за потенцијално враќање на воениот рок во Германија предизвикаа силна вознемиреност кај тинејџерите. Од следната година сите млади родени во 2008 ќе мора да пополнат формулар за служба, а од 2027 – да поминат и задолжителни лекарски прегледи за процена на физичката и психолошката подготвеност.

Иако моделот засега е доброволен, властите јасно порачуваат: Германија мора да има готова база на потенцијални регрути за случај на криза. Слични подготовки веќе прават и Белгија и Франција.

„Никогаш. По секоја цена.“

Кај тинејџерите преовладува силен отпор.16-годишниот Павел Ханукаев вели:„Не би отишол во војска – по секоја цена. Би барал медицинско ослободување.“И неговите пријатели се истомисленици: подобро приговор на совест, отколку униформа.

Единствен исклучок во групата е Адријан Карилјо, кој смета дека би служел „ако мора“, бидејќи службата трае шест месеци и „не значи веднаш војна“.

Но најголемиот дел од младите категорично одбиваат да бидат дел од вооружени сили, повикувајќи се и на уставно загарантираното право за одбивање оружје.

Плата од 2.600 евра?

„Што ќе ти е ако загинеш?“ – прашуваат младите. Владиното ветување за плата од најмалку 2.600 евра во Бундесверот не ги убедува.

„Не можеш да промовираш војна со пари. Тоа е морално погрешно“, вели Ханукаев.Други додаваат дека самото зголемување на регрутацијата создава чувство дека „во Европа доаѓа конфликт“.

Младите се чувствуваат како „шаховски фигури“

16-годишниот Балдуин Брусиг предупредува дека тинејџерите се исклучени од дебатата:„Политичари на 60 години не треба да одлучуваат за нашата иднина.“

Некои млади дури велат дека би ја напуштиле земјата ако бидат повикани.

Во меѓувреме, германската влада планира да ја зголеми армијата од сегашните 183.000 на најмалку 255.000 војници до 2035 година, со двојно повеќе резервисти.

Три државјанства – ниедно не го мотивира да служи

Прашањето за воениот рок ја отвори и темата за идентитетот.Павел Ханукаев, кој има германско, израелско и шпанско државјанство, смета дека националните граници се „замислена линија“ и не е нешто за што би служел.Адријан Карилјо, пак, сака германско државјанство – иако тоа би значело можност еден ден да биде повикан.

FixCredit
Atensa 300
Escape