ПРВ.мк
Македонија

СЕ ЗАПАЛИ „ФОРД“ ПРИ СУДАР: Шестгодишно дете тешко повредено - ова се деталите!

СЕ ЗАПАЛИ „ФОРД“ ПРИ СУДАР: Шестгодишно дете тешко повредено - ова се деталите!
Kristal

Вчера околу 17:10 часот во Кичево се случи сериозна сообраќајна несреќа на крстосницата помеѓу регионалниот пат за село Осломеј и улицата Загорје. Според информациите од МВР, се судрија два автомобили – патничко возило „Форд“ и „Ауди“, при што „Фордот“ се запали.

На местото на настанот интервенираа пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кичево, кои успеаа да го изгаснат огнот.

Во несреќата, тешки телесни повреди претрпе шестгодишна сопатничка од село Зајас, додека возачот на „Фордот“ доби полесни повреди. Двете лица беа пренесени и згрижени во Медицинскиот центар Кичево.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата и продолжува со истражување на причините за сударот.

FixCredit
Atensa 300
Escape