Системот „Сејф сити“ или „Безбеден град“ е активиран и веќе се забележува дека многу возачи во Скопје ја намалиле брзината, обидувајќи се да ги почитуваат сообраќајните правила. Но, колку навистина ќе ве чини ако сепак направите прекршок?
Според последните информации, камерите на „Сејф сити“ моментално детектираат четири категории прекршоци:
- Прекорачување на брзината
- Минување на црвено светло
- Управување со возило со истечена регистрација
- Неправилно паркирање
Министерот Тошковски изјави дека на првиот ден од активирањето на системот биле регистрирани 110.000 прекршоци, при што најголем дел се однесувале на прекорачување на брзината. Се планира оптимизација на системот, а во втората фаза ќе се додаваат и други видови прекршоци.
Колку ќе ве чини?
Според Законот за прекршоци во Република Северна Македонија, овие прекршоци носат парични казни, а за некои можете и да ја изгубите возачката дозвола.
- Возачи со помалку од 2 години искуство смеат да управуваат со брзина до 60 км/ч надвор од населени места, 80 км/ч на патишта за автомобили и 90 км/ч на автопат.
- Казните се различни за физички и правни лица:Физички лица: од 15 до 1.000 евра (во денарска противвредност)Правни лица или одговорни лица во компанија: од 50 до 2.000 евра
- Физички лица: од 15 до 1.000 евра (во денарска противвредност)
- Правни лица или одговорни лица во компанија: од 50 до 2.000 евра
Според информации на „Autobahn“, глобата зависи од тежината на прекршокот, односно дали предизвикал сообраќајна незгода. Оквирно:
- Прекорачување на брзина: 10 – 400 евра, зависно од степенот на прекршок
- Неправилно паркирање: околу 45 евра
- Минание на црвено светло / забранет маневар: 300 евра
- Управување со нерегистрирано возило: 3.000 – 5.000 денари за физички лица, повисоко за правни лица; покрај глобата, возилото може да биде запленето или забрането за движење додека не се регистрира
Како се испраќаат казните?
- Преку СМС и е-пошта, со линк за преземање на записник и платен налог
- Ако платите во рок од 8 дена, глобата се намалува за 50%
- Плаќањето е електронско, а МВР веднаш добива потврда за уплатата
Со активирањето на „Сејф сити“, сега секој возач треба да биде внимателен – еден поминат сигнал на црвено може да ве чини половина месечна плата.

















