ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Трамп заспа на состанокот на кабинетот додека се фалеше со својата „острина“

(ВИДЕО) Трамп заспа на состанокот на кабинетот додека се фалеше со својата „острина“
Kristal

На почетокот на вторничкиот состанок на кабинетот, американскиот претседател Доналд Трамп повторно го спомена „Поспаниот Џо“ Бајден и увери дека е „попаметен отколку што беше пред 25 години“. Ова беше негов одговор на долг напис на „Њујорк тајмс“ минатата недела, во кој се тврди дека 79-годишниот претседател изгледа забавува за време на својот втор мандат.

Трамп, во разговор со уредничкиот одбор, истакна дека е „паметен“, а дека новинарите „не се паметни“, обвинувајќи ги за неправедно известување за неговото здравје и издржливост. „Вие сте луди“, додаде тој, пренесува Си-ен-ен.

Сепак, во текот на следниот час и половина, претседателот се мачеше да ја одржи истата енергија и острина со кои се фалеше. Тој постојано ги затвораше очите додека членовите на кабинетот го фалеа, една од неговите омилени активности.

Само 15 минути по неговиот остар напад врз медиумите, Трамп се бореше да остане буден додека министерот за трговија Хауард Лутник зборуваше за неговите трговски политики. Очите му се натежнаа и за време на говорите на министерот за домување и урбан развој Скот Тарнер и министерката за земјоделство Брук Ролинс, а сцената стана уште поочигледна додека Скот Бесент, Лори Чавез-Деремер и Ли Зелдин држеа говори.

Додека министерката за образование Линда Мекмахон и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор се обратија, Трамп изгледаше речиси неподвижен, држејќи ги очите затворени 10–15 секунди пред одеднаш да ги отвори или да кимне со главата.

Слично се повтори за време на говорот на државниот секретар Марко Рубио, кој го пофали Трамп за напорите за прекин на војните. Овојпат, дремењето беше уште поочигледно бидејќи седеше веднаш до Рубио, додека камерите беа фокусирани на двајцата. По завршувањето на својот говор, Рубио се пошегува, но Трамп не реагираше.

Белата куќа: „Тој внимателно слушаше“Кога беа замолени за коментар, портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, рече дека Трамп „внимателно слушал и го водел целиот маратонски состанок на кабинетот“. Таа го пофали за одржувањето девет состаноци на кабинетот оваа година и за „извонредниот“ одговор за време на сесијата со прашања и одговори, кога ги нападна демократите и сомалиските имигранти.

„На сите овие историски состаноци, претседателот и неговиот неверојатен тим го истакнаа обемниот список на достигнувања што ги направиле во име на американскиот народ за повторно да ја направат Америка голема“, заклучи Ливит.

ВИДЕО

FixCredit
Atensa 300
Escape