ПРВ.мк
Балкан

Македонскиот јазик добива нов дом: Оваа држава го воведе и во основно училиште!

Македонскиот јазик добива нов дом: Оваа држава го воведе и во основно училиште!
Kristal

Македонскиот јазик и култура се воведуваат како изборен предмет по модел Ц и во подрачното основно училиште „Стрмец“ во градот Света Недела, со што се проширува мрежата на училишта што нудат македонски јазик.

Решението беше соопштено за време на манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“, проект поддржан од Министерството за наука, образование и млади. Иницијативата за отворање на паралелката по македонски јазик потекнува од група родители, предводени од професорката Ивана Брезовец.

Наставата по македонски јазик веќе се реализира во седум основни училишта и три гимназии. Првото училиште што го воведе предметот беше ОУ „Никола Тесла“ во главниот град пред дваесет години, а во Првата гимназија наставата се изведува веќе единаесет години. Часовите се отворени за сите ученици – не само за оние со македонско потекло, истакнува професорот Иван Антоновски.

Антоновски ја пофали и работата на наставничката Наталија Лековска, која предава во ОУ „Владимир Назор“ во Потпиќан. Таа ги учи најмалите ученици – од прво до трето одделение – по македонски јазик и фолклор во рамки на целодневната настава.

Нејзините ученици настапија на манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“, изведувајќи Пајдушко оро и истарскиот „Истарски балун“, придружени од младата хармоникашka Анамарија Цариќ. Настапот беше збогатен со традиционални истарски носии, обезбедени од културниот ансамбл „Иван Фоновиќ Златела“ од Кршана и од МКД „Охридски бисер“.

Антоновски додаде дека голема заслуга за успешната реализација имаат директорката Нада Перишиќ и родителите, нагласувајќи дека постои силна позитивна клима и поддршка за македонскиот јазик и култура.

FixCredit
Atensa 300
Escape