Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска започна работна посета на Брисел, каде што ќе учествува во неколкудневни политички и економски активности.
На својот Фејсбук профил, Николоски објави дека учествува на настан организиран од влијателната тинк-тенк организација „Friends of Europe“, кој е посветен на проширувањето на Европската унија. Тој истакна дека имал плодни средби и одлични разговори, сите во интерес на Македонија.
















