ПРВ.мк
Македонија

Рекорден откуп на тутун годинава: Зошто цените се повисоки отколку некогаш?

Рекорден откуп на тутун годинава: Зошто цените се повисоки отколку некогаш?
Kristal

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, објави дека досега се откупени над еден милион килограми тутун од актуелната реколта. Според податоците на Државниот инспекторат за земјоделство, од оваа количина околу 967.000 килограми се класифицирани како прва категорија, додека мал дел спаѓаат во втората и третата категорија.

Просечната откупна цена по килограм изнесува 419 денари, што е за речиси 19–20 денари повеќе од минатогодишната сезона, кога цената заврши на 400 денари за килограм. Министерот нагласи дека очекува откупната сезона да заврши навремено и со правилно вреднување на сите класи тутун.

„Годинава тутунарите добија државна поддршка за зелена нафта со значајна литража, што сериозно го намалува трошокот за производство“, изјави Трипуновски. Министерството ќе го следи целиот процес на откуп, а крајниот рок за завршување е крајот на февруари.

FixCredit
Atensa 300
Escape