МВР информира дека вчера околу 15 часот, 39-годишна скопјанка пријавила во СВР Скопје дека на 25-ти минатиот месец, во нивниот семеен дом на подрачјето на општина Аеродром, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од таткото, Д.К. (43) од Скопје.
Според пријавата, тој употребил и тврд предмет при нападот.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

















