Грозни – Утрово украински дрон го погодил облакодерот „Грозни-Сити“ во главниот град на Чеченија, предизвикувајќи силна експлозија која уништила повеќе катови од објектот.
Според првичните извештаи објавени на Телеграм и потврдени од украинската група за мониторинг „Ексиленова плус“ и рускиот провладин портал „Ридовка“, дронот го погодил облакодерот на 28-миот кат, оштетувајќи ја фасадата.
Чеченските власти сè уште не дале официјален коментар. Во облакодерот се сместени неколку важни институции, вклучувајќи го Чеченскиот совет за безбедност, Министерството за туризам, Државната комора за ревизија, регионалната изборна комисија, локалната канцеларија на Министерството за правда, канцелариите на партијата „Единствена Русија“ и државната нафтена компанија „Чеченнефтехимпром“.
Снимките од местото на настанот покажуваат сериозни оштетувања на објектот и уништување на фасадата, додека истрагата и проценката на штетата се во тек.

















