ПРВ.мк
Свет

МОЌНИ ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВААТ КАЈ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ: Засега не е познато што се случува

МОЌНИ ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВААТ КАЈ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ: Засега не е познато што се случува

Силни експлозии вечерва се пријавени во подрачјето на Ормускиот Теснец, една од најважните поморски и енергетски точки во светот, во период на високи тензии меѓу Иран и САД.

Според првичните информации што се појавуваат преку регионални извори, во областа се слушнале повеќе силни детонации. Засега нема потврдени информации за точната локација на експлозиите, нивната причина или за тоа дали станува збор за воено дејство.

Во овој момент нема ниту официјална потврда дека зад детонациите стојат американските или иранските сили.

Инцидентот доаѓа во чувствителен момент за регионот, додека вниманието е насочено кон безбедноста и пловидбата низ Ормускиот Теснец. Секое дополнително влошување на ситуацијата може да има пошироки последици, особено за транспортот на нафта и природен гас.

Засега клучното прашање останува неодговорено – што точно ги предизвикало експлозиите. Повеќе детали се очекуваат по официјални информации од надлежните институции.