ПРВ.мк
Свет

КРИМ ВО МРАК: Украински напади оставија делови од полуостровот без струја - еве како се снаоѓаат граѓаните!

КРИМ ВО МРАК: Украински напади оставија делови од полуостровот без струја - еве како се снаоѓаат граѓаните!

Во повеќе градови на Крим, полуостров кој Русија го анектираше во 2014 година, жителите се соочуваат со проблеми во снабдувањето со електрична енергија по напади врз енергетската инфраструктура.

Поради прекините на струјата, локалните власти во Масандра започнале со организирање помош за населението, при што секојдневно се обезбедуваат околу 200 топли оброци за жителите. На менито најчесто има хељда со загреано конзервирано говедско месо.

Началничката на градската управа на Масандра, Оксана Маџуд, изјавила дека храната се подготвува бидејќи дел од жителите во актуелните услови немаат можност да користат електрични шпорети.

Жителката Марина раскажала дека поради здравствени проблеми тешко се движи, но дека прекинот на електричната енергија ја натерал да побара алтернативно решение за готвење, како плинско решо.

Друга жителка, Александра, посочила дека по десет дена без струја снабдувањето било повторно воспоставено, но останува неизвесно дали состојбата ќе биде стабилна на подолг период.

Украина наведува дека нападите врз руски цели и подрачја под контрола на Москва се одговор на руските напади врз украинските градови, кои траат од почетокот на инвазијата во 2022 година.

ВИДЕО