ПРВ.мк
Свет

КИМ ЏОНГ УН ИМА 140 КИЛОГРАМИ?! - Се прави проценка за неговата здравствена состојба!

КИМ ЏОНГ УН ИМА 140 КИЛОГРАМИ?! - Се прави проценка за неговата здравствена состојба!

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, има околу 140 килограми и се наоѓа под зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, но засега нема јасни знаци за сериозни здравствени проблеми, процени јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС).

Информациите беа изнесени на затворена седница на Разузнавачкиот комитет на Националното собрание на Јужна Кореја, а ги пренесоа пратениците Јун Гун Јанг и Ју Јанг Ха, секретари на владејачката и опозициската партија во комитетот.

Ким оваа година одржал 121 состанок, што е за околу 30 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Северна Кореја моментно повнимателна

Јужнокорејската разузнавачка служба исто така наведе дека Пјонгјанг во изминатиот период бил повоздржан кога станува збор за провокативни воени активности.

Како една од можните причини беа наведени неодамнешните напори насочени кон обновување на дијалогот меѓу Северна Кореја и Соединетите Американски Држави.

Ќерката на Ким Џонг Ун сè поприсутна во јавноста

Посебно внимание кај јужнокорејските разузнавачи привлече и ќерката на Ким, Ким Џу Ае, чии активности повеќе не се насочени само на воени настани.

Таа сè почесто се појавува и во активности поврзани со прашања од секојдневниот живот на граѓаните, политиката и дипломатијата, а го има зголемено и нивото на протоколарни активности.

„Позрел имиџ“ и сè поважна улога

Јужнокорејската служба процени дека Ким Џу Ае е висока околу 160 сантиметри, има повеќе од 50 килограми и гради позрел имиџ преку носење костими.

Според проценките на разузнавањето, сè поголемото јавно присуство и повисокото ниво на протокол би можеле да укажуваат на зајакнување на нејзината позиција како можна наследничка.

Сепак, прашањето за наследувањето во Северна Кореја останува предмет на проценка на разузнавачките служби, додека Пјонгјанг сè уште нема официјално потврдено дека Ким Џу Ае е одредена за наследничка на својот татко.