ПРВ.мк
Македонија

ДОБРА ВЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Сите што ги исполнуваат условите ќе бидат сместени во студентските домови

ДОБРА ВЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Сите што ги исполнуваат условите ќе бидат сместени во студентските домови

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека сите редовни студенти кои ги исполнуваат предвидените услови ќе добијат место во студентските домови.

Изјавата ја даде по пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, каде што посочи дека постапката за сместување се одвива според планираната динамика.

Јаневска информираше и дека до Министерството за образование и наука пристигнале две иницијативи за подобрување на студентскиот стандард. Во моментов се прават анализи и финансиски пресметки, а конечните решенија ќе зависат од расположливите буџетски средства.

Според министерката, условите за живеење и учење на студентите се меѓу приоритетите на Министерството. Таа најави дека за околу еден до еден и пол месец се очекуваат активности и во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.

Јаневска потсети дека во изминатиот период се инвестирало и во опремување на лабораториите на факултетите и во набавка на нагледни средства за студентите.

„Верувам дека и сите нивни барања со тек на време ќе ги исполниме, повторувам, во рамки на буџетските можности“, порача Јаневска.