ПРВ.мк
Црна Хроника

МАЈКА ПОБАРАЛА ПОМОШ ОД ПОЛИЦИЈАТА: Тврди дека соседот ѝ го нападнал малолетниот син

МАЈКА ПОБАРАЛА ПОМОШ ОД ПОЛИЦИЈАТА: Тврди дека соседот ѝ го нападнал малолетниот син

Ноќеска во Скопје бил пријавен случај на физички напад врз малолетно лице, а полицијата презема мерки за негово целосно расчистување.

Според информациите од МВР, на 30 септември во 03:20 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од скопско пријавила дека нејзиниот малолетен син во неколку наврати бил физички нападнат од нивниот сосед Д.Т.

Според пријавата, соседот упатил и закани кон семејството.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.