По бурните реакции во јавноста за снимањето на музичкиот спот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони во споменикот „Македониум“ во Крушево, директорот на НУ „Историски музеј – Крушево“, Миха Оџаклиески, денеска поднесе неотповиклива оставка. Сакам Да Кажам
Оџаклиески наведува дека оставката е негов личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и јавноста. Според него, при отстапувањето на просторот не бил прекршен закон, правилник или друг акт, ниту било постапено спротивно на одлука на Управниот одбор. 360 степени
Тој, сепак, признава дека бил направен ненамерен пропуст во проценката за тоа како ваквата постапка ќе биде разбрана од јавноста и поради тоа изрази морална одговорност и упати извинување.
„Македониумот“, кој е заштитено културно наследство, бил отстапен за околу 500 евра за снимање делови од спотот. Директорот претходно изјави дека одлуката била донесена од Управниот одбор и дека просторот и порано бил отстапуван за снимања. telma.com.mk
Оставката следува истиот ден откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе побара разрешување на директорот и членовите на Управниот одбор поради случајот со „Македониумот“.







