Авион на компанијата „Flydubai“, кој летал од Дубаи за Тел Авив и за време на летот испратил сигнал за вонредна ситуација и код кој означува киднапирање или незаконско попречување, слетал на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.
Авионот најпрво го испратил меѓународниот код 7700, кој означува општа вонредна ситуација, а потоа и кодот 7500, кој се користи во случај на киднапирање или друго незаконско попречување, пренесе Times of Israel.
Според израелски безбедносни извори, инцидентот најверојатно бил предизвикан од каша во авионот.
Израелски борбени авиони биле кренати и испратени кон леталато, додека, според наводите на хебрејските медиуми, премиерот и министерот за одбрана одржале итни консултации.
Авионот во меѓувреме повеќе не се појавувал на сајтовите за следење летови. Според медиумските наводи, во леталото имало околу 180 патници.








