ПРВ.мк
Свет

ХЕРОИ НА ХАЛКИДИКИ: Спасувачи вратија во живот двегодишно девојче

ХЕРОИ НА ХАЛКИДИКИ: Спасувачи вратија во живот двегодишно девојче

Вистинска драма се одвивала на плажата Полихроно на Халкидики, каде двегодишно и пол девојче било извлечено од морето во бессознание, но благодарение на брзата реакција на спасувачите, неговиот живот бил спасен.

Според грчките медиуми, спасувачите Атина Хоромиду и Танос Економу веднаш започнале со кардиопулмонална реанимација (КПР), штом добиле информација дека детето е во животна опасност.

„Колегата веднаш истрча кон местото, а јас ја земав опремата и боцата со кислород и повикав Итна помош“, раскажала Хоромиду.

Таа открила дека врз девојчето трипати била извршена реанимација, а токму кога се подготвувале да употребат дефибрилатор, детето почнало да повраќа и да плаче.

„Во тој момент знаевме дека успеавме“, изјавила спасувачката.

Во спасувањето се вклучиле и двајца волонтери од организацијата „Kids Save Lives“, додека родителите на девојчето биле присутни на плажата.

Според спасувачката, детето било донесено без знаци на свест, со посинета кожа и отечени очи, но благодарение на навремената интервенција повторно почнало да дише.

По укажаната прва помош, девојчето било пренесено во Здравствениот центар во Касандрија, а потоа и во болницата „Хипократ“ во Солун, каде е хоспитализирано и, според последните информации, се наоѓа во добра здравствена состојба.