ПРВ.мк
Свет

Ќе се скрати времето на патување: Европа гради мрежа на брзи возови!

Ќе се скрати времето на патување: Европа гради мрежа на брзи возови!
Kristal

Европската комисија денес го презентираше Акцискиот план за брза железница, кој поставува чекори за подобрување на прекуграничното патување на долги релации низ Европа.

„Новиот план ги дефинира чекорите што ни се потребни за да создадеме побрза, поинтероперабилна и подобро поврзана европска железничка мрежа до 2040 година“, изјави Рафаеле Фито, извршен потпретседател на Европската комисија.

Завршувањето на брзите железнички врски меѓу главните градови на ЕУ треба да обезбеди на патниците алтернатива на кратки летови и патувања со автомобил на долги релации.

Според проценките на Комисијата, целата мрежа TEN-T до 2040 година ќе бара инвестиции од околу 345 милијарди евра, а поамбициозната верзија, со брзини над 250 км/ч, би можела да достигне до 546 милијарди евра. Комисијата нагласува дека овие средства не можат да се обезбедат само со јавни пари, туку ќе бидат потребни приватни инвестиции и поддршка од финансиски институции како Европската инвестициска банка и националните банки за развој.

Планот предвидува поврзување на главните центри со брзина од 200 км/ч и повеќе. Според проекциите, новата мрежа значително ќе го намали времето на патување:

  • Загреб – Будимпешта: 4 часа и 15 минути (сегашно време: 6 часа)
  • Берлин – Копенхаген: 4 часа (сегашно време: 7 часа)
  • Софија – Атина: 6 часа (сегашно време: 13 часа и 40 минути)

Комесарот за одржлив транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас, нагласи дека моментално 12.000 километри брзи железници се концентрирани само во Шпанија, Франција, Италија и Германија, додека Централна и Источна Европа се слабо поврзани.

„Ова мора да се промени“, рече Цицикостас, потенцирајќи ја важноста на проширувањето на брзите железници во цела Европа.

Escape