ПРВ.мк
Црна Хроника

Пожар го блокира автопатот Велес - Градско: Kамион полн со памук целосно изгоре - ова се деталите

Пожар го блокира автопатот Велес - Градско: Kамион полн со памук целосно изгоре - ова се деталите
Kristal

Ноќеска нешто по полноќ, на делницата од автопатот кај Градско, избувнал голем пожар на товарно возило што превезувало памук и полиестерски влакна. Пожарот избувнал на клучката кон новиот пат за Прилеп, при што церадата на камионот прва се запалила, а пламенот брзо се проширил по товарот.

Екипи од Територијалната противпожарна единица Велес интервенирале веднаш со три противпожарни возила и седум пожарникари, бидејќи пожарот бил во развиена фаза и постоела опасност да се прошири на околната вегетација.

„По дојава во 00:35 часот, пожарот беше локализиран благодарение на брзата реакција на екипите. Нема повредени, но товарот целосно изгоре,“ соопштија од ТППЕ Велес.

Според СВР Велес, станува збор за камион „Рено“ со турски регистарски таблички, управуван од 38-годишен возач од Турција.

Поради интензивниот пожар и задимувањето, сообраќајот на автопатот Велес–Градско бил во прекин четири часа – од 01:20 до 05:20 часот, а сите возила биле пренасочувани по експресниот пат Градско – Дреново.

На местото присуствувале и претставници од Јавното обвинителство, Царинската управа и Министерството за животна средина, поради чувствителноста на товарот и можните последици врз воздухот.

Благодарение на навремената интервенција, пожарот бил целосно изгаснат без жртви и материјална штета надвор од возилото, но возачот претрпел значителна финансиска загуба поради уништениот товар.

Escape