ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА НА ГРАДИЛИШТЕ: Бетонски блокови се урнале додека децата си играле– брза реакција на службите

ДРАМА НА ГРАДИЛИШТЕ: Бетонски блокови се урнале додека децата си играле– брза реакција на службите

Две деца се повредени во Земун откако врз нив се урнала поголема количина бетонски градежни блокови, во инцидент кој се случил рано утрово и предизвикал паника во населбата.

Според првичните информации, трагедијата се случила додека децата си играле во близина на градилиште. Во еден момент, тие наводно случајно удриле во насобраните бетонски блокови, по што конструкцијата се урнала и ги затрупала.

Очевидци веднаш повикале итни служби, кои пристигнале на местото на настанот за неколку минути. Децата биле извлечени и со возило на Итна помош пренесени во болница на детални прегледи.

За среќа, според првичните медицински информации, двете деца поминале со полесни повреди и не се во животна опасност, но претрпеле силен стрес поради несреќата.

Надлежните служби вршат увид за да се утврди како дошло до инцидентот и дали биле запазени безбедносните мерки на градилиштето.

Случајот повторно отвора прашања за безбедноста на градилиштата во урбаните средини и заштитата на најмладите.