Случај што предизвика силни реакции во Велика Британија наскоро ќе добие судска разрешница. Вкупно 13 мажи се обвинети за сериозни сексуални кривични дела врз иста жена, а меѓу осомничените е и нејзиниот сопруг.
Според британските истражни органи, главноосомничениот, маж од Стокпорт во шеесеттите години, се товари дека организирал заговор во кој неговата сопруга наводно била дрогирана, по што била сексуално злоупотребувана додека била во бессознание.
Обвинетиот веќе признал вина по неколку точки од обвинението, вклучително и за силување, а против него се водат и дополнителни постапки за други тешки сексуални кривични дела. Тој останува во притвор до почетокот на судењето.
Останатите обвинети, на возраст од 28 до 73 години, се соочуваат со обвиненија за силување, заговор за силување и давање психоактивни супстанции со цел извршување кривични дела. Судскиот процес е закажан за септември.
Британските власти не го објавуваат идентитетот на главноосомничениот за да ја заштитат анонимноста на жртвата, согласно законските прописи.








