Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага и побара притвор за лице осомничено за разбојничка кражба, казнива според член 238 став 1 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 19 октомври, кога осомничениот со цигла го скршил прозорецот од спалната соба во куќа на улицата „Благоја Стефковски“. Откако влегол внатре, започнал да пребарува по просториите и пронашол 1.580 евра и 2.000 денари, кои ги зел и се обидел да избега.
Во тој момент сопственикот го забележал крадецот и се обидел да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките и побегнал од местото на настанот.
Обвинителството побарало притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетениот, како и ризик повторно да изврши слично дело.
















