ПРВ.мк
Свет

Австралија воведе строга забрана-го гаси интернетот за деца под 16 години

Австралија воведе строга забрана-го гаси интернетот за деца под 16 години
Kristal

Австралија ги додаде Reddit и Kick на листата на социјални мрежи што ќе бидат забранети за користење и регистрација на лица под 16 години. Новите ограничувања ќе стапат на сила од 10 декември, со што вкупниот број на забранети платформи се зголемува на девет, меѓу кои веќе се и Facebook, X (Twitter), Snapchat, TikTok, YouTube, Instagram и Threads, објави BBC.

Според австралиската влада, компаниите зад овие платформи не презеле доволно мерки за заштита на малолетниците, ниту пак ги деактивираат профилите на децата кои ги прекршуваат правилата.

Во случај на непочитување на новите прописи, технолошките компании ќе се соочат со казни до 32,5 милиони долари.

Забраната не важи за платформи за пораки како Discord и WhatsApp, ниту за игри и едукативни апликации како Lego Play, Roblox, Google Classroom и YouTube Kids.

Иако децата под 16 години ќе можат да гледаат видеа на YouTube, нема да смеат да креираат сопствени профили.

Дел од експертите предупредуваат дека софистицираниот софтвер за проверка на возраста може да доведе до злоупотреби на лични податоци, додека други, особено психолозите за детско ментално здравје, ја поддржуваат мерката, оценувајќи ја како потенцијално корисна за заштита на младите од интернет зависност и штетни содржини.

Escape