Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи – Велес синоќа во 18:40 часот ја лишиле од слобода 73-годишната В.А. од Неготино, која се сомничи дека во сопствениот дом предизвикала пожар.
Според информациите, огнот бил локализиран и изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица – Неготино, а за среќа, во инцидентот нема повредени лица. Веднаш по настанот, В.А. била приведена и задржана во полициска станица.
Јавен обвинител бил известен за случајот, а увид извршила увидна екипа од Одделот за внатрешни работи – Неготино. По целосно документирање на настанот, против жената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од СВР – Велес.
















