Од пазарот е итно повлечена серија од популарните протеински чоколадни плочки „Barebells Soft Protein Bar Coco Choco“, по одлука на Државниот инспекторат на Хрватска, откако било утврдено присуство на неозначени алергени на декларацијата.
Станува збор за производот „BAREBELLS Soft Protein Bar Coco Choco 55 g“, со ЛОТ број L 6055-R и рок на употреба до 24.02.2027 година.
Надлежните институции утврдиле дека на декларацијата не биле наведени кикиритки и соини протеини, што може да претставува сериозен ризик за лица кои имаат алергија на овие состојки. Поради тоа е издадена итна мерка за повлекување од продажба на конкретната серија.
Инспекторатот нагласува дека мерката се однесува исклучиво на оваа серија од производот, а не на целиот бренд или асортиман.
За лицата кои немаат алергија на кикиритки или соја, производот не претставува здравствен ризик и може да се консумира без ограничувања, додека оние со чувствителност се повикуваат да го вратат во продавница.
Производител на спорната серија е компанијата „EMPWR Netherlands BV“ од Холандија, а производот се продавал во малопродажната мрежа „Müller“.









