Општина Бутел, во соработка со Град Скопје, продолжува со реализација на значајни урбани проекти, а во фокусот е изградбата на мега парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Како што информира градоначалникот Дарко Костовски, денес заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извршиле увид во тековните градежни активности на терен.


Според најавите, запуштениот простор долж булеварот ќе прерасне во модерен и функционален зелен комплекс со богати зелени површини и содржини наменети за сите генерации. Предвидено е уредување на плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес-зони, со цел граѓаните да добијат ново место за прошетки, рекреација и дружење.


Од општината посочуваат дека инвестицијата во зелени површини е директна инвестиција во здравјето и иднината на градот, а со заедничката реализација на вакви проекти Бутел и Град Скопје продолжуваат да се развиваат во модерен и урбан правец.






