ПРВ.мк
Македонија

ТРИ ДЕЦЕНИИ МАГИЈА НА СЦЕНАТА: Балетското студио „Венус“ со спектакуларен завршен концерт прослави 34 години грациозност и љубов кон танцот

ТРИ ДЕЦЕНИИ МАГИЈА НА СЦЕНАТА: Балетското студио „Венус“ со спектакуларен завршен концерт прослави 34 години грациозност и љубов кон танцот

34 години уметност, грациозност и љубов кон танцот! Балетското студио „Венус“ вчеравечер во Кавадарци, по 34-ти пат, го одржа својот традиционален завршен концерт, на кој на сцената заблескаа дури 320 кавадаречки дечиња поделени во различни возрасни групи.

Публиката во Кавадарци уживаше во прекрасни и автентични кореографии. Преку нив, младите балерини и балетанци со многу труд, железна дисциплина и искрена љубов кон балетската уметност ги претставија своите стекнати знаења и вештини.

Традиција која инспирира: Овој концерт беше уште една силна потврда за квалитетната работа и долгогодишната традиција на Балетското студио „Венус“, кое повеќе од три децении неуморно создава генерации на млади уметници и ја негува љубовта кон танцот во Кавадарци.

Најнови вести