ПРВ.мк
Македонија

ХОРОР ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 33-годишен маж со месеци силувал малолетичка - и пренел заразна болест!

ХОРОР ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 33-годишен маж со месеци силувал малолетичка - и пренел заразна болест!

Во Светиниколско е уапсен 33-годишен маж од село во општина Карбинци, под сомнение дека во подолг период извршувал тешки кривични дела врз малолетничка, додека престојувал во дом на едно семејство.

Според информациите од СВР Штип, осомничениот во периодот од јануари до март 2026 година, наводно вршел недозволени дејствија врз малолетното девојче во нивниот дом. Случајот бил пријавен по што полицијата презела мерки и го лишила од слобода.

Од надлежните институции е наведено дека при медицински прегледи, извршени и врз детето и врз осомничениот, е утврдено присуство на заразна болест, за која постои сомневање дека е пренесена во наведениот период. Наодите се потврдени од Институтот за судска медицина во Скопје.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои силување на дете под 15 години и пренесување заразна болест.

Најнови вести