ПРВ.мк
Свет

МЕЧКА ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО ПОПУЛАРНА ТУРИСТИЧКА ЗОНА: Повредени неколку туристи, властите во тревога!

МЕЧКА ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО ПОПУЛАРНА ТУРИСТИЧКА ЗОНА: Повредени неколку туристи, властите во тревога!

Неколку туристи се повредени по напад од мечка на познатата планинска рута Трансфагарашан, една од најпосетуваните туристички дестинации во романскиот округ Арџеш, јавува Диги 24.

Според првичните информации, меѓу повредените има 18-годишен странски државјанин кој се здобил со повреди на ногата и бил пренесен во болница за понатамошна медицинска помош.

Инцидентот се случил и во близина на браната Видрару, каде што биле нападнати двајца туристи од Португалија, 62-годишен маж и 53-годишна жена. Двајцата се здобиле со повреди на рацете и самите побарале лекарска помош по нападот.

Локалните власти веднаш реагирале и испратиле предупредувања преку системот RO-Alert, со цел да се информираат посетителите за опасноста во регионот. Областа била обезбедена и контролирана за да се спречат нови инциденти и понатамошни напади врз туристи.

Службите за итни интервенции остануваат на терен, додека се проценува состојбата и се следи движењето на дивите животни во регионот, кој е познат по честите средби меѓу туристи и мечки.