ПРВ.мк
Свет

Иран испрати предупредување до Бугарија поради американските авиони

Иран испрати предупредување до Бугарија поради американските авиони

Иран денеска испрати предупредување до Бугарија, повикувајќи ја да не дозволи нејзината територија да биде користена за евентуални американски воени операции против Техеран.

Реакцијата следува откако бугарската влада соопшти дека ќе побара од парламентот одобрение за распоредување до осум американски авиони-танкери во воздухопловната база Безмер, која се наоѓа околу 260 километри југоисточно од Софија.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека секоја активност што би овозможила американски напади врз Иран би претставувала соучесништво во агресија и воени злосторства, пренесе Ројтерс.

Тој ја повика Бугарија да не стане, како што рече, „соучесник на агресорите и оние што го кршат меѓународното право“.

Од бугарската влада засега нема дополнителна реакција на изјавите од Техеран. Предлогот за стационирање на американските авиони треба да биде разгледан и одобрен од бугарскиот парламент.

Најавата доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и засилена воена соработка меѓу Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во регионот.