ПРВ.мк
Свет

ИНТЕНЗИВНА ПОТРАГА: Исчезна 13-годишно девојче - полицијата упати итен апел!

ИНТЕНЗИВНА ПОТРАГА:  Исчезна 13-годишно девојче - полицијата упати итен апел!

Германската полиција започна интензивна потрага по исчезнато 13-годишно девојче, ученичка со потекло од Србија, која последен пат била видена во градот Гелзенкирхен. Од неа веќе четири дена нема ни трага ни глас, а во акцијата се вклучени сите надлежни органи.

Исчезнатото девојче последен пат е видено во петокот околу пладне на улицата „Есенер“ во Германија, откако претходно под лажен изговор го напуштила станот на своите роднини.

„Таа без согласност на нејзините родители влегла во автомобил на еден пријател, по што двајцата заминале во непознат правец“, соопшти портпаролката на германската полиција.

Бидејќи оттогаш нема никакви информации за неа, семејството и полицијата се во сериозна грижа за нејзината безбедност и здравје.

Опис на исчезнатото девојче:

  • Потекло: Србија
  • Висина: Околу 170 сантиметри
  • Градба: Витка
  • Очи и коса: Темни очи и долга, темна коса.

Германската полиција упати итен апел до јавноста и ги моли сите кои имаат каква било информација за тоа каде се наоѓа девојчето, со кого била во контакт или го знаат регистарскиот број на автомобилот со кој заминала, веднаш да пријават.

За какви било информации, полицијата апелира граѓаните да се јават на официјалниот телефонски број: 0209-36 58 21 2.