ПРВ.мк
Свет

Земјата не престанува да се тресе, дали на Балканот му се заканува силен земјотрес? Геолог предупредува: „Мора да бидеме будни“

Земјата не престанува да се тресе, дали на Балканот му се заканува силен земјотрес? Геолог предупредува: „Мора да бидеме будни“

Силните земјотреси што во последните години погодија различни делови од светот повторно го отворија прашањето колку е загрозен Балканот и дали во регионот може да се случи разорен потрес.

Геологот и пензиониран професор на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, д-р Драган Миловановиќ, за Радио Белград објасни дека Балканот се наоѓа во релативно поповолна геолошка положба од најактивните сеизмички зони во светот, но дека опасноста од земјотреси не може целосно да се исклучи.

„Ние сме во сенка на случувањата, што е добро, иако на овие простори имало многу земјотреси. Не се очекуваат земјотреси со висок интензитет, но земјотреси сепак се очекуваат и мора да бидеме будни“, изјави Миловановиќ.

Според него, движењето на африканската тектонска плоча кон евроазиската предизвикува сеизмичка активност во поширокиот регион на Средоземјето.

Професорот посочува дека дел од геолозите сметаат оти Земјата минува низ период на поинтензивно ослободување енергија, кој би можел да биде дел од подолготраен природен циклус. Сепак, ваквите претпоставки не овозможуваат предвидување на идните земјотреси.

Може ли да се предвиди земјотрес?

И покрај современата технологија, науката сè уште не располага со сигурен метод за предвидување на точниот датум, местото и јачината на земјотресот.

Затоа Миловановиќ нагласува дека најважни се постојаното следење на сеизмичката активност и подготовката на населението.

„Секогаш треба да бидеме подготвени како земјотресот, не дај Боже, да ќе се случи утре“, предупреди професорот.

Тој препорачува во станбените и деловните објекти да постојат јасни упатства за постапување при земјотрес, како и поголема едукација на граѓаните и децата.

Неговата главна порака е дека нема причина за непотребна паника, но ризикот од земјотреси на Балканот не смее да се потцени.

Најнови вести