ПРВ.мк
Свет

Путин повлече потег што ја вознемири Европа: Русија лансираше моќна ракета со дострел од 8.000 километри

Путин повлече потег што ја вознемири Европа: Русија лансираше моќна ракета со дострел од 8.000 километри

Русија соопшти дека успешно тестирала интерконтинентална балистичка ракета „Булава“, способна да носи нуклеарни боеви глави, во период на зголемени безбедносни тензии со НАТО и дипломатски несогласувања меѓу европските сојузници.

Според руското Министерство за одбрана, ракетата била лансирана од стратешката нуклеарна подморница „Генералисимус Суворов“, распоредена во Охотското Море, во северозападниот дел на Тихиот Океан.

Целта на тестирањето бил воениот полигон Чижа, во Архангелската област на северот на Русија, релативно блиску до Финска и Норвешка.

Ракетата „Булава“ има деклариран дострел поголем од 8.000 километри и може да носи нуклеарни боеви глави. Таа претставува важен дел од рускиот стратешки нуклеарен арсенал, а подморниците од класата „Бореј“ можат да носат до 16 вакви ракети.

Тестирањето следува по телефонските разговори на Владимир Путин со финскиот претседател Александер Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Стере.

Во разговорите биле разгледувани војната во Украина, можностите за мировно решение и планираните преговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби.

Поделби меѓу европските лидери

Данската премиерка Мете Фредериксен изразила скептицизам кон директните разговори со Путин, предупредувајќи дека Европа мора да го зачува единството.

Полскиот премиер Доналд Туск повикал на особена претпазливост, додека литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис нагласил дека контактите со Москва треба да бидат усогласени со заедничката европска позиција.

Од друга страна, финскиот и норвешкиот лидер тврдат дека претходно се консултирале со сојузниците и дека Украина била информирана за дипломатските контакти.

Иако ваквите ракетни тестирања не се невообичаени за Русија, нивното одржување во сегашниот геополитички момент дополнително го привлекува вниманието на европските земји и НАТО.

Најнови вести