Санта Моника, САД – Познатиот пејач Џубилант Сајкс е убиен во својот дом, а главен осомничен за бруталното убиство е неговиот син, 31-годишниот Мика Сајкс.
Полицијата добила повик на 911 за напад во тек околу 21:20 часот. Кога пристигнале, 71-годишниот Сајкс бил најден со критични повреди, конзистентни со убодни рани, и бил прогласен за мртов на местото на настанот.
Соседите го опишуваат Џубилант како скромен човек, кој често бил виден како работи во градината или обликува дрво во форма на срце пред куќата.
Мика Сајкс е уапсен без отпор и задржан под сомнение за убиство. Од домот е запленет предмет за кој се верува дека бил употребен како оружје. Полицијата наведува дека нападот бил изолиран и дека станува збор за семејно насилство.
Полковникот на полицијата во Санта Моника, Луис Гилмор, изјави дека Мика е притворен со кауција од 2 милиони долари, а случајот ќе биде проследен до Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес за разгледување на обвиненијата.


















