ПРВ.мк
Македонија

Власта со важна информација за сите пензионери!

Власта со важна информација за сите пензионери!
Kristal

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се спроведува редовно и без никакви промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби.

Во врска со постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето на постапката не значи укинување или измена на актуелните мерки. Сите законски решенија остануваат во сила додека не се донесе конечна одлука.

Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации, нагласувајќи дека евентуални промени ќе бидат соопштени навремено и транспарентно.

Социјалната сигурност и стабилноста на пензискиот систем остануваат врвен приоритет на Министерството.

FixCredit
Atensa 300
Escape