Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена обработката и верификацијата на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година.
По детална проверка и усогласување на податоците со надлежните институции, јавно е објавен списокот на лица и домаќинства кои се стекнаа со право на субвенција.
Субвенции се доделуваат за следните категории:
- домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост,
- домаќинства со едно или повеќе лица со најтешка телесна попреченост,
- домаќинства со едно или повеќе потполно слепи лица,
- домаќинства со едно или повеќе потполно глуви лица.
Субвенцијата се пресметува како месечно намалување на сметката за електрична енергија во износ од 1.000 денари, и ќе трае 12 месеци од денот на поднесување на барањето.
Објавениот список на корисници е достапен на веб-страницата ТУКА.

















