Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро реагираше на критиките што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати кон Европа во последните денови, нагласувајќи дека САД не треба да се мешаат во европските демократски процеси.
Нејзината изјава следеше по објавувањето на новата стратегија за национална безбедност на САД, која предизвика загриженост и немири во Брисел, пишува Политико.
Фон дер Лајен нагласи дека одлуката за раководството на една земја е исклучиво одговорност на нејзините граѓани. „Не е до нас да одлучуваме кој ќе биде лидер на земјата, тоа го прави народот. Суверенитетот на гласачите мора да се заштити“, рече таа.
















