ПРВ.мк
Македонија

„Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

 „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Kristal

Во Кочани, во знак на сеќавање на секој од 63-те млади животи згаснати во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, се засадени 63 јавори – по еден за секое загинато дете.

„Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите.

Наместо студен камен, семејствата избрале да засадат дрвја што ќе растат и ќе сведочат за постоењето на нивните деца – како симбол на живот, надеж и сила, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени.

Семејствата им се заблагодарија на сите кои дале поддршка и солидарност во најтешките моменти, истакнувајќи дека токму таа поддршка ја покажува човечноста и општествената одговорност, а од болката е создаден траен и достоинствен спомен за нивните деца.

FixCredit
Escape