ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО АВТО-ШКОЛИТЕ: Над 40 институции под сомнение за договарање цени на обуката - ова се деталите!

СКАНДАЛ ВО АВТО-ШКОЛИТЕ: Над 40 институции под сомнение за договарање цени на обуката - ова се деталите!
Kristal

Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведува истрага во повеќе авто-школи низ земјава, откако се појавиле индиции дека над 40 институции можеле да договараат цени за обука на кандидатите за возачи.

При увидот, комисијата забележала знаци на усогласено однесување – картел – при формирањето на цените, што може да претставува кршење на Законот за заштита на конкуренцијата.

„Комисијата продолжува со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти. Доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот. Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите“, стои во официјалното соопштение.

Истрагата е во тек, а јавноста ќе биде информирана за понатамошните чекори и евентуални санкции.

FixCredit
Escape