Две торнада го погодија подрачјето на Њујорк и Лонг Ајленд, предизвикувајќи материјална штета, поплави и прекини во сообраќајот.
Според Националната метеоролошка служба, најпрво над водата се формирале две пијавици, кои потоа се придвижиле кон копното и прераснале во торнада.
Едното торнадо се движело низ Квинс, во близина на источниот дел на Рокавејс и јужно од аеродромот „Џон Ф. Кенеди“.
На Лонг Ајленд невремето предизвикало значителна штета во одморалиштето „Sun and Surf Beach Club“. Оштетени биле околу 50 кабини, а силниот ветер однел делови од покриви и ѕидови. Едно лице се здобило со полесна повреда на главата.
Очевидци раскажуваат дека сцените биле неверојатни.
„Гледањето како се движи од водата кон брегот беше сосема надреално“, изјавила жителка на Квинс која го забележала огромниот вртлог над океанот.
Поради обилните врнежи биле поплавени и делови од сообраќајниците, а имало и извештаи за луѓе заглавени во автомобили. За среќа, нема информации за сериозно повредени.
Торнадата се релативно ретка појава во Њујорк и Лонг Ајленд, а истиот период торнадо било регистрирано и во близина на Довер, Делавер.
Видео:







