ПРВ.мк
Магазин

„СЕ ОБИДОВМЕ, НО НЕ УСПЕАВМЕ“: Душко потврди раскинување, па откри што се случува со Јелена

„СЕ ОБИДОВМЕ, НО НЕ УСПЕАВМЕ“: Душко потврди раскинување, па откри што се случува со Јелена

По неколкудневните шпекулации за неговиот љубовен живот, Душко Тошиќ реши јавно да открие што навистина се случува со Јелена Карлеуша, но и да потврди дека неговата врска со Нора е завршена.

Гласините за можно помирување со Карлеуша започнаа откако поранешниот фудбалер се појави на нејзината роденденска прослава, а потоа и на нејзин настап во Белград, каде седеше заедно со нивните ќерки.

Тошиќ сега појасни дека неговото присуство покрај поранешната сопруга не значи дека повторно се заедно.

„Дојдов од почит и како поддршка на личноста со која поминав значаен дел од животот и со која ме врзуваат заеднички спомени и нашите ќерки“, порача Душко.

Тој додаде дека смета оти е сосема природно да биде покрај Јелена во важните моменти, иако повеќе не се сопружници.

Но, најголемо внимание привлече неговото признание за Нора. Тошиќ потврди дека нивната љубовна приказна завршила пред извесно време.

„Се обидовме, но не успеавме и секој продолжи по својот пат“, откри тој.

Шпекулациите за повторно зближување со Карлеуша дополнително се засилија за време на нејзиниот настап. Душко беше во публиката со нивните ќерки, додека Јелена во еден момент му се обрати од сцената и му посвети песна.

Сепак, Тошиќ јасно порача дека неговото присуство било знак на почит и поддршка, а не потврда за љубовно помирување.