ПРВ.мк
Балкан

СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Политичар снимен како се бакнува со помлада жена

СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Политичар снимен како се бакнува со помлада жена

Хрватскиот политичар и личко-сењски жупан Ернест Петри се најде во центарот на вниманието откако во јавноста се појави снимка од паб во Госпиќ, на која е забележан во интимен момент со помлада жена.

На снимката Петри е во друштво на помлада црнокоса жена, а во еден момент двајцата се бакнуваат. Снимката брзо се прошири во хрватската јавност и предизвика бројни реакции.

Случајот доби и политичка димензија бидејќи Петри е член на владејачката ХДЗ. По објавувањето на снимката, хрватските медиуми пишуваа дека од него се очекува да се повлече од функцијата претседател на Жупаниската организација на партијата во Личко-сењската жупанија.

Набргу потоа Петри ја потврди оставката и со официјално соопштение информираше дека се повлекува од челната партиска функција.

Сепак, тој засега останува жупан на Личко-сењската жупанија.

Снимката предизвика голем интерес во Хрватска, а случајот отвори прашања и за понатамошната политичка иднина на Петри.