ПРВ.мк
Свет

Драма во Истанбул: Автобус полн со патници се забил во станица – сцени на хаос!

Драма во Истанбул: Автобус полн со патници се забил во станица – сцени на хаос!

Во Истанбул денес се случи тешка сообраќајна несреќа кога градски автобус полн со патници излетал од патот и се забил во автобуска станица, каде во тој момент имало голем број граѓани што чекале превоз.

Според турските медиуми, автобусот најпрво удрил во паркирано такси и камион, по што директно се залетал во станицата. Сведоците велат дека сцената личела на вистински хаос, со повредени луѓе кои лежеле на улицата, додека брзата помош пристигнувала на лице место.

На снимките што кружат на социјалните мрежи се гледаат оштетени возила и автобус со целосно уништена предница, додека дел од патниците и случајните минувачи добивале помош од очевидците.

Од властите потврдија дека повеќе лица се повредени, но нивниот точен број сè уште не е објавен. Според првичните информации, возачот на автобусот ја изгубил контролата откако наводно се расправал со мотоциклист кој му го попречил патот.

Истражните служби се на терен и работат на целосно расчистување на причините за несреќата, додека повредените се згрижени во најблиските болници во Истанбул.

Escape