ПРВ.мк
Македонија

Тажен ден за Македонија: Утре последно збогум за Владимир Блажев – Панчо

Тажен ден за Македонија: Утре последно збогум за Владимир Блажев – Панчо

Македонија утре ќе се прости од Владимир Блажев – Панчо, човекот кој остави длабока трага во срцата на сите што го познаваа и сакаа. Неговото испраќање во вечниот мир ќе се одржи утре, 16 октомври, во црквата „Св. Илија“ во скопската населба Аеродром, соопшти неговата сопруга.

Молитвениот чин ќе започне во 9:00 часот со Заупокоена литургија, по што ќе биде овозможено изразување сочувство од 10:00 до 12:00 часот.

Опелото ќе започне во 12:00 часот, а погребот ќе се одржи на гробиштата во Бутел со почеток во 13:30 часот.

Владимир Блажев – Панчо ќе остане запаметен како човек со големо срце, искрена насмевка и душа што обединуваше луѓе. Неговите блиски, пријатели и сите што го познаваа велат дека со неговото заминување се изгуби човек каков што ретко се раѓа.

Escape