Осум лица се повредени во германскиот град Хофгајсмар откако автомобил влетал во пешачка зона и удрил во повеќе минувачи.
Според првичните информации од полицијата, зад инцидентот најверојатно не стои намерен напад, туку ненадејна здравствена состојба на 68-годишниот возач.
Очевидци го забележале автомобилот запрен кај пешачки премин и се обиделе да разговараат со возачот, кој очигледно имал здравствени проблеми. Во еден момент возилото нагло забрзало и влетало во пешачката зона.
Автомобилот удрил во неколку минувачи и тезги пред продавниците, а по неколку стотини метри завршил во објект.
Осум лица биле повредени, од кои четворица биле пренесени во болница од претпазливост. Според првичните информации, повредите на минувачите не се сериозни и главно станува збор за гребнатини, модринки и шок.
Во најтешка состојба е самиот возач, кој е критично.
Полицијата и итните служби веднаш пристигнале на местото и започнале со укажување помош.







